2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИран и Рено го потпишаa најголемиот автомобилски договор

Иран и Рено го потпишаa најголемиот автомобилски договор

Иранските компании ИДРО и „Негин груп“ потпишаа договор со францускиот производител на автомобили „Рено“ за производство на 150.000 возила.

Иранската државна агенција ИРНА јави дека договорот е вреден 778 милиони американски долари, а производството ќе почне в година. Ова е највредниот договор што Иран го има потпишано во автомобилската индустрија досега.

Со ова се очекува дека ќе бидат отворени околу 3.000 работни места во двете ирански компании, државната ИДРО и приватната „Негин груп“.

Договорот е потпишан по историскиот нуклеарен договор на Техеран и шесте светски сили во 2015 година кој предвидува укинување на меѓународните санкции за Иран во замена за ограничување на нуклеарната програма.

Во Иран се произведуваат околу 1,35 милион возила годишно, а властите се надеваат дека бројот до 2025 година ќе биде зголемен на три милиони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП