2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Македонска Каменица водата е неисправна за пиење

Во Македонска Каменица водата е неисправна за пиење

Според испитувањата што ги изврши Центарот за јавно здравје, водата во Македонска Каменица одговара на втора од уредбата за класификација на водите, што значи дека може да се користи и за пиење, со претходна обработка – превривање.

Сепак, од ЈП „Камена Река“ препорачуваат од превентивни причини водата да се не се користи за пиење, туку да се користи како техничка вода.

„Поради долготрајниот сушен период, речиси целосно е прекинат дотекот на вода од Горештица и Моштичка Река и водата ќе се зафаќа од други извори. Водата во Македонска Каменица ќе се испитува во целиот овој период до стабилизација на состојбата, граѓаните ќе добиваат секојдневни и навремени информации кон кои треба да се придржуваат“, информира јавното претпријатие.

Од таму упатуваат апел за рационално користење на водните ресурси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП