2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЉајиќ: Решението за зголемување на надоместоците го очекуваме за два до три...

Љајиќ: Решението за зголемување на надоместоците го очекуваме за два до три дена

Министерот за туризам, трговија и телекомуникација на Србија, Расим Љајиќ изјави дека очекува дека за два до три дена ќе биде решен проблемот со даноците за увоз на овошје и зеленчук кои Хрватска ги зголеми за 22 пати за земјите кои не се членки на ЕУ.

„На никого не му одговара ова заострување и оваа ситуација да трае долго, затоа што трговската војна на крајот ја брои само штетата и тука никој не може да профитира“, вели Љајиќ.

Министерот наведе дека контрамерките „последната нужна акција која ќе се превземе“ и додаде дека веќе започнаа да се спроведуваат инспекциски надзори кои се зголемени во однос на некоја нормална состојба, затоа што така сака да се покаже дека воведените хрватски мерки се бесмилсени.

Љајиќ позитивно ја оцени изјавата на премиерот на Хрватска, Андреја Пелнковиќ кој рече дека очекува решението да се најде во текот на неделата.

Министерот додаде дека Србија ќе инсистира контролата да не биде по вид на овошје или зеленчук, туку по камион и да се бара таа цена да соодвествува со ценитево во земјите во Евопската унија и земјата во регионот.

„Европската комисија сигурно од секоја земја ќе бара тие цени да бидат исти, без разлика дали се членки или кандидати“, вели Љајиќ и додава дека „сите“ во Европската комисија велат дека мерките на Хрватска го кршат договорот за стабилизација и асоцијација со ЕУ.

Министрите на Србија, Црна Гора, Македонија и Босна и Херцеговина, земјите потписнички на договорот „CEFTA“ за слободни трговии на Западен Балкан, на состанокот во понеделникот во Сараево, ја повикаа Хрватска на итно укинување на дискриминаторските одлуки  за таксите, кои воведоа различни третмани за производи увезени од трети земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП