3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПријатно изненадување - ненадејно закрепнување

Пријатно изненадување – ненадејно закрепнување

Италијанското индустриско производство забрза во јуни 2017 година, најавувајќи можно посилно закрепнување од очекуваното.

Индустриското производство е зголемено во јуни за 1,1 проценти во однос на мај, кога забележа раст од 0,7 проценти, соопшти националната агенција за статистика, Истат, пренесува агенцијата Блумберг.

На годишно ниво, индустриското производство скокна во јуни 5,3 проценти, покажуваат податоците прилагодени на бројот на работни денови.

Подобриот показател за производство, како што оценува Блумберг, може да влијае на зголемување на прогнозата за економскиот раст, вклучувајќи ги и оние кои ги даде централната банка на Италија за растот на бруто домашниот производ (БДП) во вториот квартал за околу 0,4 проценти.

Истат ќе го објави прелиминарниот извештај за растот на БДП за вториот квартал на 16-ти август, наведува њујоршката агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП