2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолкав ќар имаше Скопје од Супер купот? Можеше и многу поголем!

Колкав ќар имаше Скопје од Супер купот? Можеше и многу поголем!

Најмалку 20 милиони евра. Ова треба да биде директниот ќар за Македонија од организацијата на УЕФА Супер купот. Процените покажуваат дека ова приближно е сумата што ја потрошија и ќе ја потрошат фановите кои допатуваа во земјава. Можеше да се заработи и многу повеќе, согласни се и хотелиерите и угостителите.

„Скопје е првиот град во регионот кој добива организација на вакво престижно фудбалско натпреварување, што претставува голема чест, но и голема одговорност. Супер купот е настан кој ќе биде голем импулс и мотивација за развој на фудбалот во нашата земја и секако во регионот, а воедно и одлична можност Македонија да се промовира и афирмира пред светската јавност“, изјави претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски.

И по завршувањето на натпреварот нема конкретни бројки колку навивачи дојдоа во земјава, но нивниот број беше значително помал од првичните очекувања, пред се поради напумпаните цени од страна на хотелиерите и угостителите. Така, наместо во Скопје значителен број странци одлучија да се сместат во соседството.

„Доаѓаат во Софија и се враќаат во Софија после натпреварот, што значи дека цените не им се прифатливи, затоа тоа е само губење на такви ноќевања… Мислиме дека тоа не е воопшто прифатливо и би требало да има некаква регулација. Тоа ни дава до знаење дека за понатаму би требало малку и законски да ги обврземе од највисоките цени да не може да се отстапува за да не се прават негативни маркетинг идеи“, смета претседателот на ХОТАМ,  Крсте Блажески.

Сепак, со ова не се согласуваат во Здружението за угостителство и туризам при Стопанската комора. Сметаат дека е незаконски да им се налага цена на хотелиерите, таа ја одредувал пазарот.

„Ние како Стопанска комора и како здруженија, не смееме да реагираме на цени во ситуација на пазарна економија. Тоа не смееме да го правиме во ниедна дејност и верувајте дека кога станува збор за цените, исклучиво станува збор за пазарен сегмент“, изјави неодамна Даниела Михајловска Василевска, Стопанска комора на Македонија.

Очигледно водени од пазарната логика односно од зголемената побарувачка хотелите во Скопје понудија драстично високи цени за ноќевање – од 400 па и над 1.000 евра. Нивниот пример го следеа и голем број граѓани кои преку интернет страниците за изнајмување ги понудија своите домови за астрономски суми.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП