26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШпанската Santander презема ривалска банка и тоа за џабе

Шпанската Santander презема ривалска банка и тоа за џабе

Телото на Европската унија за заштита на конкуренцијата ќе и дозволи на шпанската банка „Santander“ да ја преземе слабата, исто такa шпанска, Народна банка.

Европската комисија, кога ги надгледува прашањата поврзани за конкуренцијата, соопшти дека истрагата заклучила дека „трансакцијата нема да ја наруши конкуренцијата“ во европската економска зона.

Во соопштението се наведува дека комбинираниот удел на двете банки на пазарот ќе биде ограничен а дека на сите пазари на кои преземањето ќе влијае постои силна конкуренција.

Банката „Santander“ на 7 јуни соопшти дека ќе ја преземе ривалската банка за едно евра, што е договор кој покажува нов европски систем за спасување на пропаднатите банки без оптеретување со даночни обврзници или пазари.

Преземањето се одигра на лицитација која европските влсти ја одобрија бидејќи Европскта централна банка (ЕЦБ), главниот европски регулатор на банкарскиот пазар, соопшти дека верува дека „Народна банка пропаѓа или има големи шанси да пропадне“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП