3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакрон ги освои срцата на бизнис лидерите на Франција

Макрон ги освои срцата на бизнис лидерите на Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон ги освои срцата на бизнис лидерите на земјата, кои се потпираат тој да протурка радикални реформи за да се задржи економската обнова, коментира „Bloomberg“.

Извршни директори на голем број компании – од банката „Societe Generale“ до компанијата за градежни материјали „Saint-Gobain“ – зборуваат за поголеми оптимистички расположенија, откако новиот претседател беше избран во мај. Ова делумно се должи на надежите дека тој ќе постигне одржливо стабилно проширување кон што настојувале неговите претходници. Очекувања за намалување на даноците, постегнати државни трошоци и невидена реформа на работните закони, исто ја зголемува довербата.

Довербата на бизнисот е на шестгодишен врв, а оптимизмот меѓу корисниците исто стабилно се зголемува. Централната банка на Франција ќе ги претстави податоците за расположението во јули и ќе ја објави својата прва проценка за растот во третиот квартал.

„Победата на Макрон предизвика надеж“, вели Филип Вехтер, директор на економски студии во „Natixis Asset Management“. „Повисоките прогнози за инвестиции и вработување на службеници се одразуваат во истражувањето „меден месец“, кој може да се стави крај на заостатокот на растот на Франција зад оној на другите земји во Еврорегионот додека Елисејската палата да ги исполни очекувањата“.

Претседателот сака да ги намали регулациите – нешто што многу други европски земји веќе го имаат направено за да го подобрат својот потенцијал на раст. Иако вербата на корпоративните лидери дава поттик за промена, потребно е таа позиција да се шири уште повеќе, бидејќи на локално ниво може да има одреден отпор.

„Дефинитивно расположението се подобри во Франција, има повисоко ниво на доверба“, вели Фредерик Одеа, извршен директор на „Societe Generale“, во интервју за „Bloomberg“. Третата по големина банка во Франција забележа раст од 10% на долгорочните инвестициски кредити за малите и средни претпријатија во вториот квартал, вели тој.

Економијата во моментов го ужива најсилното продолжено проширување од 2011-та година, а бруто домашниот производ се зголемил за 0,5% во вториот квартал. Индексот САС 40 се зголеми за 7,3% во оваа година, излегувајќи пред индексот „Stoxx Europe 600“.

Вкупниот „PMI“ индекс исто така, останува висок, иако предвиде мал пад во последните два месеци, сигнализирајќи некоја контракција. Економистите очекуваат раст од 0,4% во овој квартал, покажа истражувањето на „Bloomberg“.

„Растот може малку да забави, но би требало да остане доволно брз за да и помогне на невработеноста да се намали“, велат економисти од „Bloomberg Intelligence“. „Макрон има ретка можност да ги зголеми долгорочните перспективи на економијата, да протурка радикални реформи, кои имаат за цел да го направат пазарот на труд подинамичен“.

Макрон веќе има добра репутација меѓу бизнисот. Како советник на поранешниот претседател Франсоа Оланд тој направи голем број чекори, вклучувајќи даночни кредити за 40 милијарди евра.

„Во последните неколку недели почнувам да гледам мала промена во односот што е позитивно”, рече шефот на „Saint-Gobain“, Пјер-Андре де Шалендар пред аналитичарите во јули. „Сега сум поголем оптимист за Франција, отколку што бев пред шест месеци, а и пред два месеца“.

Најтешката битка за Макрон ќе биде реформата на законот за труд. Разочарувачките податоци за создавање на нови работни места беа меѓу главните причини поради кои Оланд стана првиот претседател од половина век, кој не се кандидира за втор мандат. И покрај падот на рејтингот на Макрон владиниот портпарол Кристоф Кастанер рече минатата недела дека распоредот за реформи останува без промена, како новите правила ќе бидат наметнати следниот месец.

„Франција се уште предвидува ниво на раст, кое е под нејзиниот потенцијал“, рече министерот за финансии Бруно Ле Мари за „Bloomberg“ пред неколку дена, задржувајќи ја прогнозата за раст од 1,5%. „Франција треба да се справи многу подобро од главните партнери како Германија, а не полошо. Тоа е нашата цел и ние ќе ја следиме“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП