2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПротив секоја логика: Работници нема, а платите стојат

Против секоја логика: Работници нема, а платите стојат

Работодавците во САД во јуни имаа рекорден број на слободни работни места, што е знак дека растот на вработувањето од претходните месеци најверојатно ќе продолжи.

Американското министерство за труд соопшти дека бројот на слободни работни места пораснал за осум проценти, на 6,2 милиони, што е најмногу откако во 2000 година започна бележењето. Сепак, вработувањето е во пад, како и бројот на луѓе кои даваат отказ.

Судејќи според тие податоци, како што наведува АП, постојат многу слободни работни места, но работодавците имаат проблем да пронајдат работници со потребните квалификации.

Вообичаено е во таквите ситуации работодавците да понудат поголеми плати за да привлечат повеќе пријави и така да го забрзаат растот на платите. Сепак, јулскиот извештај на владата за трудот, објавен во петок, покажа дека платите не започнале да растат.

Најголем број на слободни работни места е во градежната и производната индустрија, финансиите, здравството и државната и локалната управа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП