26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодинава во Грција ќе летуваат речиси милион Срби

Годинава во Грција ќе летуваат речиси милион Срби

Директорот на српската национална асоцијација на туристички агенции, Александар Сеничиќ, изјавил дека оваа година во странство ќе летуваат околу милион српски туристи, од кои најголем дел ќе ја посетат Грција.

Очекувањата се до крајот на летната сезона бројот на српски туристи, кои летуваат во Грција во организација на туристичките агенции да биде меѓу 650.000 и 700.000, а заедно со индивидуалните аранжмани околу 950.000 туристи.

По Грција, Србите најмногу летуваат во Турција. Минатата година бројот на аранжмани во оваа земја бил намален поради терористичките напади, но оваа година интересот се вратил, па така 80.000 српски туристи ќе летуваат во турските одморалишта

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП