29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШапуриќ-Митровиќ: Нивото на економската соработка не е на потребното ниво и треба...

Шапуриќ-Митровиќ: Нивото на економската соработка не е на потребното ниво и треба да се издигне

Денес, министерот задолжен за регулатива за подобрување на инвестициска клима за домашни компании проф. д-р Зоран Шапуриќ, имаше средба со амбасадорот на Црна Гора, Предраг Митровиќ.

На состанокот министерот го запозна амбасадорот околу неговите и активностите на премиерот Зоран Заев и Владата на Република Македонија во целост, за подобрување на севкупната бизнис клима во државата.

Притоа, беше констатирано дека и покрај одличната политичка и културна соработка помеѓу Македонија и Црна Гора, нивото на економската соработка не е на потребното ниво и треба да се издигне. Затоа, определба на Владите на двете држави е да се унапреди меѓусебната трговска размена.

Амбасадорот ја пренесе определбата на Владата на Црна Гора за севкупно унапредување на односите на Црна Гора-Македонија во сите области.

Воедно, амбасадорот Митровиќ го поздрави реформскиот курс на Владата на Република Македонија за забрзување на процесите за интегрирање во Европската Унија и НАТО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП