20 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВжештен телефон со Хрватска, се бара решение за проблемот со увозот на...

Вжештен телефон со Хрватска, се бара решение за проблемот со увозот на овошје и зеленчук

Министерот за земјоделство на Хрватска, Томислав Толушиќ денеска во телефонски разговор со македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски, покажал интерес за изнаоѓање решение за настанатиот проблем по воведувањето на Правилникот за увоз на свежо овошје и зеленчук.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), по вчерашниот заеднички заклучок на министрите во Сараево, Хрватска итно да ги укине одредбите од Правилникот, Николовски е во постојан контакт со своите колеги од БиХ, Србија и Црна Гора, Мирко Шаровиќ, Расим Љајиќ и Драгица Секулиќ.

Хрватска на 15 јули годинава донесе нов Правилник за инспекциски надзор и контрола за усогласеност на овошјето и зеленчукот со кој трошоците за контрола на квалитет на овошјето и зеленчукот за трети земји се зголемуваат од досегашните 90 куни (12 евра) по производ, на 2.000 куни (274 евра).

Ваквото еднократното зголемување на давачките при увоз на овошје и зеленчук за 20 пати, ќе направи проблем не само кај нас, туку и во регионот, оценија надлежните институции и реагираа веднаш.

Македонија испрати нота до Хрватска за стопирање на Правилникот, по што следуваше и заедничката средба на министрите од регионот во Сараево. Министерот Николовски потенцира дека Македонија сака да го заштити домашното производство преку заемно почитување на потпишаните меѓународни договори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар