6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКонтрамерки на Србија - ги проверува сите производи од Хрватска

Контрамерки на Србија – ги проверува сите производи од Хрватска

Србија го зајакна надзорот над производите од животинско и растително потекло кои доаѓаат од Хрватска како одговор на хрватските мерки за зголемување на давачките и засилен фитосанитарен надзор при увозот на овошје и зелечук од трети земји.

Како што соопшти српската царина, во координација со сите погранични органи и инспекциски служби веќе се во сила зајакнати контроли и надзор над стоката. Тоа подразбира дека се земаат примероци од секоја пратка и детаљно се проверуваат, а не со селективна метода како што досега било случај.

Производите потоа се ставаат под царински надзор, додека не се добијат резултатите од фитосанитарната и ветеринарната инспекција. Дури потоа пратките за кои ќе стигнат позитивни решенија ќе можат да бидат царинети и да бидат пуштени во продажба.

Четири балкански земји побараа од Хрватска да ја повлече одлуката за драматично зголемување на таксите за увоз на овошје и зеленчук или во спротивно ќе се соочи со соодветен одговор. Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Србија го упатија овој ултиматум по средбата на владините претставници во Сараево. На 14 јули Хрватска ги зголеми давачките за увоз на овошје и зеленчук 22 пати. Од Европската комисија препорачаа дека сите страни треба да ги почитуваат трговските обврски. Од хрватската влада, пак, го изнесоа ставот дека целта им е да се заштитат домашните производители од прекумерен увоз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП