6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте вишокот на трговскиот суфицит и на тековната сметка на Германија

Расте вишокот на трговскиот суфицит и на тековната сметка на Германија

Падот на извозот придонесува за зголемувањето на трговскиот суфицит и вишокот на тековната сметка на Германија во јуни, објави „Financial Times“. Официјални податоци од федералната служба за статистика „Destatis“ покажуваат дека трговскиот суфицит на Германија се зголемува од 22 милијарди евра во мај до 22,3 милијарди евра во јуни. Очекувањата беа за раст до 23 милијарди евра.

По сезонското измазнување на податоците увозот се намалува за 4,5% на месечна основа, а извозот се намалува за 2,8 отсто. Економистите анкетирани од „Bloomberg“, очекуваа раст од 0,2% и по двата показатели.

Сепак германскиот трговски суфицит е здрава територија, коментира „FT“.

Германските извозници извлекуваат полза од силното закрепнување на еврозоната во текот на оваа година, што пак беше поттикнато од подобрувањето на глобалниот економски раст.

Вишокот на тековната сметка на Германија исто така се зголемува од 17,3 милијарди евра во мај до 23,6 милијарди евра во јуни.

Економистите предупредуваат дека поскапувањето на еврото во последно време може да го ограничи растот на извозот во следните месеци. Единствената валута поскапе до највисокото ниво во последниве три години и најдобро се претставува од земјите на „Г-10“ со 7% раст од почетокот на годината.

Податоците на „Destatis“ покажуваат дека извозот од Германија за еврозоната се намалува за 0,1 отсто на годишна основа, додека увозот од блокот расте со 2,7%.

Следната недела во Германија ќе излезат податоци за растот на БДП-то во вториот квартал и се очекува зголемувањето да е во износ од 0,8% на квартална основа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП