25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на кинескиот увоз и извоз забавиja во јули

Растот на кинескиот увоз и извоз забавиja во јули

Кинескиот извоз расте со 7,2% на годишна основа во долари од пред една година во јули, а увозот предвиде зголемување од 11%. И во двата случаја очекувањата беа за поголем раст, објави „CNBC“. Економистите анкетирани од „Ројтерс“, прогнозираа 10,9% раст на извозот и 16,6% зголемување на увозот во Кина.

Спрема јуни има забавување во темпото на раст и тоа може да се објасни делумно со негативните ценовни ефекти како последица на слабеењето на производствената инфлација, смета економистот Џулијан Еванс-Причард од „Capital Economics“.

„И покрај забавувањето во инертноста при трговијата, кинескиот извоз и увоз сеуште регистрираат силна експанзија на годишна база“, коментира Раџив Бисуас, главен економист за азиско-пацифичкиот регион во „Markit“.

Кина забележа во јули трговски суфицит од 46,74 милијарди долари, а вишокот со САД изнесува 25,2 милијарди долари.

Пресметан во јуани, извозот од Кина се зголемува со 11,2% на годишна основа, во јули, а увозот – со 14,7%.

Според зборовите на Еванс-Причард иако во вториот квартал трговијата доживува позитивен импулс, таа сега изгледа е во надолен тренд.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП