17 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА изрази благодарност до Македонија и ФФМ за гостопримството и организацијата на...

УЕФА изрази благодарност до Македонија и ФФМ за гостопримството и организацијата на Супер купот

Со официјална гала вечера во Музејот на Македонската Борба, а прием во Македонскиот Народен Театар, УЕФА и нејзиниот претседател Словенецот Александар Чеферин и се заблагодарија на Владата на Македонија и Фудбалската федерација на Македонија за организацијата на Суперкупот 2017.

Гала вечерата на која присуствуваа високи гости од двата клуба всушност означи официјален почеток на еден од најголемите европски клупски фудбалски настани оваа година. На покана на УЕФА на средбата присуствуваше и претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев, кој имаше и кратки разговори со водечките функционери на двете фудбалски федерации – европската и светската, со претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, како и со членовите на управите и стручните штабови на двата клуба, учесници во УЕФА Суперкупот, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Првиот човек на УЕФА, Александар Чеферин изрази отворена благодарност и до ФФМ за максималната кооперативност, комплетното вложување за успешна организација на настанот, со убеденост дека утре сите заедно ќе присуствуваат на вистински фудбалски спектакл.

Прeтседателот на УЕФА, Александер Чеферин, се заблагодари и на Владата на Република Македонија за комплетната поддршка во организацијата на Суперкупот 2017. Премиерот Заев, пак, изрази уверување дека се создадени сите услови овој врвен спортски настан да се одржи во најдобра атмосфера и дека Република Македонија и Скопје, како домаќини, ќе ги оправдаат довербата и очекувањата и дека го заслужуваат вниманието на светот кое денеска и утре е свртено кон спортското одмерување на силите на фудбалските ѕвезди од Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид.

Што пишува UEFA на својот сајт http://www.uefa.com/uefasupercup/season=2017/final/index.html

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП