28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДелови од Кисела Вода и Аеродром утре без струја

Делови од Кисела Вода и Аеродром утре без струја

Корисниците од улицата Иван Хаџи Николов, лоцирани околу последната станица на автобуската линија 41 во општина Кисела Вода, утре од 8.30 до 12.30 часот ќе немаат електрична енергија.

Во истиот период струја ќе немаат и корисниците од улицата 2 во село Долно Лисиче во општина Аеродром, соопшти Регионалниот центар за управување со кризи по известувањето добиено од „ЕВН Македонија“.

Без електрична енергија утре од 8.30 до 15 часот ќе бидат и корисниците од булеварот Борис Трајковски лоцирани кај првиот влез на фабриката ОХИС, како и објектите на ресторанот „Амор и Ман“ во општина Кисела Вода.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП