6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИJapan Display бара капитал за реструктуирањето?

Japan Display бара капитал за реструктуирањето?

Производителот на екрани „Japan Display“ размислува прибирање на средства од надворешен инвеститор, за да помогне во финансирањето на промените во својот бизнис, вклучувајќи намалување на 3.500 работни места, пишува бизнис весникот „Nikkei“, цитиран од агенциите.

Производителот на „LCD“ дисплеи проучува капитално поврзување со стратешки инвеститори и фондови, посочува информацијата, без да цитира одредени извори.

„Japan Display“ изјави дека планира да разговара за реструктуирањето за време на средбата на Бордот на директори оваа среда.

Компанијата беше погодена од влегувањето на „OLED“ екраните и промените во побарувачката на „iPhone“ на „Apple“.

Потенцијалната капитална инјекција може да достигне над 75 милијарди јени (677 милиони долари), кои компанијата ги доби минатата година од својот главен инвеститор – државниот „Innovation Network Corp of Japan“.

Последниот помогна во создавањето на „Japan Display“ од обединувањето на единиците за дисплеи на „Sony Corp“, „Hitachi“ и „Toshiba“ пред пет години. Иако „Japan Display“ брзо почна да се радува на растот на продажбата, благодарение на нарачките од „Apple“, неодамна компанијата се бори за раст.

Извор изјави минатиот месец дека освен тоа компанија бара 100 милијарди јени од своите главни кредитори, кои треба да и помогнат да плати за реструктуирањето.

Како дел од плановите кои ќе бидат објавени во среда, „Japan Display“ ќе отпушти над 3.500 вработени, главно во САД и Филипините. Овој потег ќе донесе еднократна загуба од над 150 милијарди јени (1,35 милијарди долари) во рамките на фискалната година која завршува во наредната март, напиша „Nikkei“.

Акциите на компанијата запишаа 0,5% пад на вредноста во текот на утринската трговија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП