28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВчера стартуваше Пиволенд 2017

Вчера стартуваше Пиволенд 2017

На скопското Кале вчеравечер почна десеттото издание на традиционалната манифестација Гурмански викенд со пиво „Пиволенд 2017“.

Поради јубилејниот роденден, фестивалот ќе трае шест дена, од понеделник до сабота. Освен на музиката, овој „Пиволенд“ ќе биде посветен и на најважната споредна работа на светот – фудбалот.

На посетителите ќе им се понудат 100-ина вида пиво, музика и фудбал, одлична комбинација за незаборавно доживување десетти пат на скопското Кале.

На годинешниот „Пиволенд“ посетителите ќе се забавуваат со „Ван Гог“, „Неверне бебе“, С.А.Р.С., „Негатив“, а по подолго време со концертен настап ќе го видиме и САФ.  Интересен настап ќе понудат и девојките од „Трибјут ту Бијонсе“, а за љубителите на фудбалот на 7 и на 8 август, со оглед на тоа што во исто време се одржува Суперкупот, подготвени се повеќе содржини во кои ќе може да уживаат во навивачка атмосфера.

Фестивалот е под покровителство на Град Скопје и годинава за негова реализација од буџетот се издвоени 600.000 денари.

Оваа година со одржувањето на „Пиволенд“, всушност, започнува и големата летна забава „Супер Скопје“, која ќе се одржува на повеќе локации во Скопје. На 18 и на 19 август забавата ќе се организира на Кеј 13 Ноември, на 25 и на 26 август во Старата скопска чаршија, на 1 и на 2 септември на улицата Македонија и на 8 и на 9 септември на Боемската улица во Дебар Маало. Притоа, на сите овие 4 места, на 2 локации, секој петок и сабота во вечерните часови жителите и посетителите на Скопје ќе може да уживаат во добра летна забава.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП