2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПортугалија: Рекордна невработеност

Португалија: Рекордна невработеност

portugalija3

Стапката на невработеност во Португалија во првиот квартал од оваа година се зголеми на рекордни 17,7 проценти од 16,89 проценти кои беа забележани во претходните три месеци, покажаа официјалните податоци од Лисабон.

Португалската влада за 2013 година предвидува стапка на невработеност од 18,2 проценти, како и 18,5 проценти во 2014 година, поради влијанието на рецесијата и мерките за штедење.

Буџетскиот план на Лисабон за 2013 година вклучува укинување на 30.000 работни места во јавниот сектор, кој во моментов има 700.000 вработени лица.

Економијата на Португалија минатата година потона за 3,2 проценти, а се очекува дека во 2013 година бруто домашниот производ (БДП) ќе биде намален за 2,3 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП