6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШест кандидати за 66% од грчкиот гасен оператор DESFA

Шест кандидати за 66% од грчкиот гасен оператор DESFA

Огромен интерес разбудил тендерот за стекнување на 66 отсто од грчкиот гасен оператор „DESFA“, пренесуваат агенциите.

Агенцијата за приватизација има собрано шест кандидатури.

Кандидатите се инвестициски шеми и конзорциуми презентирани од гасни оператори во Италија, Шпанија, Белгија и Холандија.

Првите тројца од нив се акционери и на компанијата која управува со Трансадриатскиот гасовод (TAP).

Романскиот гасен оператор „Трансгас“ исто поднел понуда заедно со француската мрежа „GRTgaz“. На тендерот се јавиле уште американската „Intergrated Utility Service“, а исто така и „Powerglobe LLC“.

Приватизацијата на „DESFA“ е дел од барањата на меѓународните кредитори.

Грција беше напредната во преговорите за продажба на компанијата во 2016-та година. Тогаш како купувач се посочуваше азербејџанската „Socar“. Зделката сепак пропадна, бидејќи владата усвои закон со кој се зголеми наплаќањето за преносот на гас во земјата, но во помал степен од очекуваниот од „Socar“.

„DESFA“ е во активата на гасната компанија „DEPA“ во која акционери се грчката држава (65%) и „Hellenic Petroleum“. За продажба се прогласени токму уделот на „Hellenic Petroleum“ и 31% од државните средства кои беа префрлени во рацете на приватизацискиот фонд уште пред неколку години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП