29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАХрватска: За шест месеци повеќе од 20 милиони ноќевања

Хрватска: За шест месеци повеќе од 20 милиони ноќевања

Во Хрватска во првата половина од оваа година во комерцијалните сместувачки објекти остварени се 5,43 милиони посети од туристи и 20,4 милиони ноќевања, што е за 23 проценти повеќе отколку во истиот период минатата година.

Според податоците на хрватскиот Државен завод за статистика, странските туристи имале 4,62 милиони посети и 18,34 милиони ноќевања.

Во првото полугодие од оваа година домашните туристи оствариле за 11 проценти повеќе посети, и за осум проценти повеќе ноќевања отколку во истиот период минатата година, јавуваат хрватските медиуми.

Најмногу ноќевања, дури 41 процент, остварија туристите од Германија кои во просек имаа девет ноќевања по посета.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП