19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРеформите ја поттикнаа добивката на италијанскиот гигант

Реформите ја поттикнаа добивката на италијанскиот гигант

Банката UniCredit соопшти дека забележала раст на добивката во вториот квартал од 2017 година за 3 проценти, благодарение на претприемачките реформи кои ги спроведува банката.

Реформите се спроведуваат со цел зголемување на капиталот и подобрување на профитот.

Најголемата италијанска банка по обемот на актива остварила нето добивка од 945 милиони евра (1,1 милијарди долари) во три месеци заклучно до 30-ти јуни, во споредба со 916 милиони евра забележани во истиот период една година претходно, пренесува агенцијата АП.

UniCredit настојува, под водство на новиот генерален директор Пјер Мустеијер, да го зголеми капиталот, откако банката минатата година, при стрес тестовите, имаше еден од најслабите резултати во Европа.

Банката во јули, во склад со планот, ја заврши продажбата на полската филијала Пекао и од книгите отпиша 17,7 милијарди евра проблематични кредити.

Коефициентот на основиот капитал Tier 1 на банката UniCredit, со кој се мери здравјето на финанските институции, изнесуваше 12,8 проценти во вториот квартал, наведува агенцијата АП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП