6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Русија достигна најниско ниво од пред 5 години

Инфлацијата во Русија достигна најниско ниво од пред 5 години

Потрошувачките цени во Русија се зголемуваат за 3,9% на годишна основа, во јули, забавување на темпото на раст во однос на растот од 4,4% во јуни. Очекувањата на пазарните учесници беа за раст од 4,3%.

Инфлацијата е под целното ниво на Руската централна банка за прв пат од воведувањето на политиката за таргетирање на инфлацијата на крајот на 2014-та година. Последните податоци покажуваат дека потрошувачките цени достигна најниско ниво од мај 2012-та.

На последната седница во средината на јули управителот на Руската централна банка, Елвира Набиулина истакна дека регулаторот ќе пристапи кон затегнување на курсот на монетарната политика, кога инфлацијата достигне целно ниво од 4% – фактор кој пазарите ќе го следат на следната седница на централната банка во септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП