6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа 11 руски „Сухој“ авиони Индонезија ќе плати со кафе и палмино...

За 11 руски „Сухој“ авиони Индонезија ќе плати со кафе и палмино масло

Индонезиските власти соопштија дека ќе разменуваат кафе, палмино масло и други суровини за 11 руски борбени авиони „Сухој“.

Меморандумот за разбирање за стокова размена е потпишан на 4 август во Москва помеѓу руската компанија „Ростек“ и индонезиската „ПТ. Перусахан Пердаганган“, кои се во државна сопственост.

„Размената ќе ја надгледуваат двете влади, а се очекува да биде реализирана набргу“, соопшти индонезиското Министерство за трговија.

Министерството за одбрана на Индонезија претходно соопшти дека е финализиран договорот за купување на 11 авиони „Сухој-35“ од Русија, но тогаш не беа објавени условите на договорот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП