6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНова едукативна активност на РСБСП и „Лукоил Македонија“

Нова едукативна активност на РСБСП и „Лукоил Македонија“

Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата и компанијата „Лукоил Македонија“ денеска започнаа едукативна активност со наслов „Животот е полн со бои само кога е безбеден“.

Целта е подигнување на сообраќајната култура и свест и намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви во нив, особено во летниот период. Во рамките на оваа активност на сите бензински пумпи на „Лукоил Македонија“ ќе бидат поставени едукативни боенки кои родителите ќе може да ги подигнат за своите дечиња, а секоја од нив ќе пренесува одредена порака за безбедноста во сообраќајот. Боенката треба да биде обоена од страна на дечињата, а понатаму тие да им ја дадат на своите родители, со што се постигнуваат два важни ефекта – едукација на најмладите и подигнување на свеста кај родителите.

„Летото е период на почести семејни патувања и, за жал, во голем број од сообраќајните незгоди учествуваат цели семејства. Целта на кампањата е, прво, да ги едуцираме најмладите за безбедно учество во сообраќајот, а понатаму преку нивната едукација тие да влијаат врз родителите поодговорно и посовесно да учествуваат во сообраќајот. Освен тоа, оваа активност се реализира во пресрет на почетокот на новата учебна година, што дополнително дава тежина и важност на самиот проект“, истакнуваат од РСБСП.

Едукативната активност ќе се реализира во текот на август и септември, а има цел подигнување на сообраќајната едукација и култура кај најмладите учесници во сообраќајот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП