6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПариз ги засилува напорите во битката за водечки финансиски центар на ЕУ

Париз ги засилува напорите во битката за водечки финансиски центар на ЕУ

Министерот за финансии на Франција, Бруно Ле Мари изјави дека Париз ќе го победи Франкфурт во битката за водечки финансиски центар на Европската унија (ЕУ), по излегувањето на Велика Британија. Тој, сепак призна дека француската престолнина има со што да се израмни, соопштува „Bloomberg“.

„Ќе ги донесеме најтешките одлуки и ќе ги намалиме француските даноци, ќе ја направиме нашата земја попривлечна“, рече Ле Мари во телевизиското интервју од својата канцеларија во Источен Париз. „Ќе победиме во трката“.

Откако минатата година Велика Британија гласаше да излезе од ЕУ, Франција се одржа во битка со Германија и Ирска, за да освои дел од финансиската индустрија, која планира да се пресели од Лондон. Цврстите правила при разрешувањето на вработените, како и високите даноци сепак ги ограничуваат напорите на Франција.

Како резултат на тоа Франкфурт веќе заработил околу два пати повеќе обврски за преместување од најголемите банки во споредба со Париз.

Ле Мари објави кон крајот на минатиот месец, што ќе го отстрани данокот на финансиските трансакции во следната година, велејќи дека тој ги запира банките кои размислуваат за преместувањето во Париз. Претседателот Емануел Макрон исто вети постепено да се намали корпоративната даночна стапка до 25% до крајот на мандатот во 2022-ра година од 33% во моментов. Владата освен тоа го засилува финансирањето за двојазичните училишта, за да се олесни прилагодувањето на странските семејства кон францускиот начин на живот.

Париз се надева дека ќе привлече 20.000 работни места од Велика Британија, посочува водечката финансиска лобистичка група во Франција „Paris Europlace“. Франција се обидува да го направи Париз и дом на Европскиот банкарски орган, тврдејќи дека може да понуди стабилност и континуитет.

„HSBC“, која има банкарство на мало во Франција, изјави дека може да се пресели до 1.000 „трејдери“ кон француската престолнина, додека банки како „Standard Chartered“ и „Nomura Holdings“ го претпочитаа Франкфурт. „Deutsche Bank“ исто така се подготвува да ги премести големите делови од активите од комерцијалното и инвестициското банкарство, кои во моментов се во Лондон, во Франкфурт.

Париз е на 29-то место на листата на „Global Financial Centres Index“ на „Z/Yen Group“ – малку пред Казабланка и по Минхен. Лондон е на чело на листата, следен од Њујорк и Сингапур.

„Многу банки, многу инвеститори треба да се свесни дека Франција се менува“, рече Ле Мари, споменувајќи ја и рекордната зделка со која бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар премина во францускиот Пари Сен Жермен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП