6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФрејзер: Преговорите за Брегзит не почнаа како што треба

Фрејзер: Преговорите за Брегзит не почнаа како што треба

Преговорите за излез на Велика Британија од ЕУ сè уште „не се почнати како што треба“ затоа што и натаму постојат разлики во Владата на ВБ околу целиот процес, изјави поранешниот директор на британскиот Форин офис, Сајмон Фрејзер.

Фрејзер, кој во Министерството за надворешни работи во Лондон беше до 2015 година, во интервју за радио Би-би-си изјави дека негов впечаток е дека Велика Британија „изгледа отсутно“ од веќе почнатите преговори во Брисел, како и дека „загрижува што Британија влезе во преговорите без јасна позиција“.

Лондонските медиуми објавија дека дури сега се очекува Владата да ги објави документите за позицијата на официјален Лондон околу клучните прашања во преговорите.

Според Фрејзер, тоа досега не е направено поради отворените разлики на владините министри и затоа што Владата на премиерката Тереза Меј сè уште нема обезбедено единствен фронт кон ЕУ.

– Владата треба што е можно поскоро да објави ако мисли да ги регулира идните односи, а пред сè контролата на границите и уредувањето на граничната линија меѓу Северна Ирска и Република Ирска, смета Фрејзер.

Тоа, според него, ќе покаже дека Владата е навистина подготвена за работа и сака да ги разреши дилемите и проблемите што се појавуваат.

Проконзервативниот „Сандеј телеграф“ вчера објави дека Владата на Меј е подготвена да плати 36 милијарди фунти „отпремнина“ при „раздвојувањето на Британија од ЕУ“, што по актуелниот курс изнесува околу 44 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП