4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБЕГ формира современ сервис за внатрешната грејна инсталација

БЕГ формира современ сервис за внатрешната грејна инсталација

Раководејќи се од потребите на потрошувачите за квалитетно и поволно сервисирање на внатрешните грејни инсталации, „Снабдување со топлина – Балкан енерџи“, во рамките на компанијата формира сервис на внатрешна грејна инсталација – „Мој сервис“.

На потрошувачите им се нудат професионални сервисни услуги по конкурентни пазарни цени, најкратки рокови на постапување и според строго дефинирани процедури за работа. Дополнително, сервисот нуди и бесплатнo утврдување на причината за дефекти на внатрешната грејна инсталација.

Во сервисот е ангажиран професионален и стручен кадар, кој располага со најсовремен алат и опрема за работа според сите важечки стандарди за извршување на оваа дејност, со што е овозможено да се најде решение и за најсложените дефекти во внатрешните грајни инсталации.

Особено значајно е тоа што вградените материјали при сервисирањето се наплатуваат по нивните набавни цени, додека цената за работните часови на сервисерите е и до 20 отсто пониска од моментните пазарни цени за ваков вид услуги. Исто така, за вградените материјали „Мој сервис“ ја пренесува гаранцијата од производителот или од продавачот, при што се обезбедува најмалку 1 година гаранција.

Пред почетокот на секоја интервенција на корисниците на услугите на „Мој сервис“ им се нудат неколку опции за видот на материјалите што ќе бидат вградени, информација за нивните цени, како и за цената на работата рака. Притоа корисниците добиваат уреден работен налог, како и договор за сервисни услуги со кој се регулираат правата и обврските на корисникот на услугите и на сервисот, како и начинот на плаќање за извршената услуга. Во овој дел дополнителна поволност за потрошувачите е можноста за одложено плаќање за извршената услуга и до 10 дена по отстранувањето на дефектот врз основа на доставена фактура.

За да се излезе во пресрет на потребите на потрошувачите, „Мој сервис“ работи во две смени, секој работен ден од 8 до 20 часот, како и во сабота од 8 до 15 часот. Единствен услов за да може да се користат услугите на „Мој сервис“ е потрошувачот да има склучено договор за снабдување со топлинска енергија со „Снабдување со топлина – Балкан енерџи“ ДООЕЛ Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП