7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСкопје подготвено за Суперкупот! Забава, музика, фудбал во фан-зоната

Скопје подготвено за Суперкупот! Забава, музика, фудбал во фан-зоната

Скопје е подготвено за големиот фудбалски спектакл – УЕФА Суперкупот, кој ќе се одржи утре на арената „Филип Втори“, каде што ќе се сретнат двата најтрофејни клуба во Европа – Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Најголемиот број од активностите што се организирани од страна на Град Скопје ќе се одржат во неутралната фан-зона на плоштадот Македонија.

„Изминатиов период направивме сè за Скопје да кулминира во совршена локација за Суперкупот. Градот Скопје преку своите јавни претпријатија активно работеше на исполнување на овие барања и стандарди, на подобрување на изгледот и хигиената во Скопје. Скопското Кале на 26 јули, конечно, светна во боите на Суперкупот. Воедно, за посетителите од странство подготвивме и промотивно видео кое имаше цел да ги запознае со знаменитостите на Скопје. Неутралната фан-зона, каде што ќе се одвиваат поголемиот број активности, денеска и утре ќе работи од 11 до 19 часот. Во фан-зоната ќе има многу активности и богата музичка програма. Тука сите ќе може да играат 1 на 1 фудбал, фудбалски тенис, да шутираат пенали, да си ги испробаат своите способност, а ќе имаат можност и да се фотографираат со трите трофеи на УЕФА – трофеите на Суперкупот, Лигата на шампионите и Лига Европа“, рече градоначалникот Трајановски.

На плоштадот Македонија овие два дена ќе има и многу музика. Вечерва ќе настапат Симона Попоска, диџеј Матс, Кантри диџеј и диџеј Бранчез. Утре настап имаат Сара Мејс, диџеј Дела, „Брас брадарс“ и диџеј Боби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП