2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗабрана за целосно движење во шумите

Забрана за целосно движење во шумите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство забранува целосно движење во шумите, без оглед на нивната намена. Забраната започнува да важи од 5 август годинава и ќе трае сè до нејзино отповикување.

Оваа забрана, како што соопшти денеска МЗШВ, не важи за вработените во ЈП „Македонски шуми“ и субјектите што управуваат со заштитените подрачја од сите категории (национални паркови, парк-шуми, шуми со специјална намена, споменици на природата и сл.).

За непочитување на одредбите од Законот за шумите на физичките лица што ќе се затекнат дека се движат во шума, ќе им се изрече глоба од 1.500 до 2.000 евра во денарска противвредност во согласност со член 106 од Законот за шумите.

Исто така, се известуваат сите граѓани на Република Македонија дека е забрането палење стрништа, плевел и други растителни отпадоци во ловиштата во согласност со Законот за ловството и друг земјоделски отпад на земјоделско земјиште како превентивна мерка за заштита од шумски пожари.

За непочитување на одредбите од Законот за ловството се предвидува глоба во износ од 1.500 до 3.000 евра во денарска противвредност за прекршок на физичко лице во согласност со член 79 од Законот за ловството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП