6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманското индустриско производство неочекувано се намалува во јуни

Германското индустриско производство неочекувано се намалува во јуни

Германското индустриско производство во јуни неочекувано се намалува за прв пат оваа година, иако за вториот квартал забележа раст, соопштува Ројтерс.

Индустриското производство се намалува за 1,1% на месечна основа во јуни, откако во мај беше запишан раст од 1,2 отсто, покажуваат податоците на Министерството за економија. Очекувањата на економистите анкетирани од Ројтерс, беа за 0,2% раст.

За периодот април-јуни, сепак се забележува раст од 1,8% на квартална основа и според експертите во Министерството позитивниот тренд ќе се задржи.

„Колку и неочекуван да е падот на индустриското производство, германската економија се уште е на пат да запише последователен силен квартал“, коментира Карстен Бжески, економист во „ING Bank“. Според него, сепак скандалот со емисиите и обвинувањата за картел во автомобилскиот сектор во Германија во одреден момент може да имаат огромна улога во економијата, особено ако се има предвид дека секторот генерира една петтина од извозот.

Податоците од понеделник покажуваат дека енергијата го дава единствениот позитивен импулс за индустриското производство, запишувајќи раст од 1,4 отсто. Производството на полупроизводи, капитални и стоки за широка потрошувачка се намалува во однос на мај.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП