6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИгралиштата во Општина Центар ќе се адаптираат и за децата со попреченост

Игралиштата во Општина Центар ќе се адаптираат и за децата со попреченост

Министерството за труд и социјална политика како дел од својата одговорност и визија за постигнување инклузивно општество продолжува со спроведување активности за подигнување на свеста во општеството и учење на различностите од најрана возраст преку адаптирање на постојните детски игралишта на територијата на општина Центар, со што тие ќе бидат достапни и за децата со попреченост кои живеат на териотрија на град Скопје.

Тоа подразбира оформување простор со реквизити кои би биле достапни и за децата со инвалидитет, што на овие дечиња ќе им обезбеди безбедно да си играат, да се социјализираат и ќе им се овозможи поттикнувачка средина за правилен раст и развој.

Локации каде што ќе се извршат адаптации се Градски ѕид – „Агромеханика“ (во близина на „Соборниот храм“), Градски ѕид – „Автомакедонија“ (зад „Краш“), Градски ѕид – Зелен пазар (зад „Алфа банка“), Капиштец – паркот (во близина на Заводот за вработување) и Капиштец – „Зебра“ (зад ТЦ „Зебра“). Реализацијата на овој проект е во партнерство со Националниот сојуз на лицата со телесен инвалидитет на Македонија „Мобилност Македонија“ и Општина Центар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП