ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на извозот го собори трговскиот дефицит на САД

Растот на извозот го собори трговскиот дефицит на САД

Трговскиот дефицит на САД падна во јуни на најниското ниво во осум месеци, поради силниот раст на извозот, покажаа објавените податоци на американското Министерство за трговија.

Трговскиот дефицит во јуни е намален за 5,9 проценти на 43,6 милијарди долари, што е најголемиот месечен пад во четири месеци и e над проценките на аналитичарите кои предвидуваа негово намалување од 3,2 проценти, пренесува агенцијата Франс прес.

Извозот на стока е зголемен за 1,2 проценти на 194,4 милијарди долари, најмногу од декември 2014 година, поради растечката странска побарувачка за американската соја, компјутерската опрема и други производи, известува агенцијата АП.

Вкупниот увоз паднал за 0,2 проценти на 238 милијарди долари поради побарувачката за мобилни телефони и уредите за домаќинство.

Сепак, во досегашниот тек на годината трговскиот дефицит е зголемен за 10,7 проценти во однос на истиот период минатата година, на вкупно 276,6 милијарди долари.

Дефицитот во трговијата значи дека САД купуваат повеќе стока и услуги од другите земји отколку што им продаваат на тие земји, објаснува АП.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП