ЕКОНОМИЈА

Завршена реконструкцијата на три улици во Центар

Општина Центар ја заврши реконструкцијата на три улици во Буњаковец. Станува збор за триесет години стари улици „Апостол Гусларот“, „Борка Талески“ и „Стеван Јакимов Дедов“ кои конечно ќе добијат нов лик.

Деновиве интензивно се работеше и ударните дупки  кои создаваа големи проблеми на возилата во сообраќајот, но и на пешаците и нивната безбедност сега се минато, и движењето се одвива нормално по реконструиран коловоз.

Вкупната должина на која ќе се рехабилитираше коловозот со гребење и поставување на нов асфалт е на 2500 м2.

Ова се три значајни улици, и со ова oпштина Центар ги доврши отпочнатите активности за обновување и санација на улиците и просторот во населба Буњаковец, во делот околу основното училиште  „Ј.Х. Песталоци“.