3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте банкарскиот систем „во сенка“

Расте банкарскиот систем „во сенка“

mood1

Активноста на банкарскиот систем „во сенка“ во Кина се зголеми за речиси 70 проценти во последните две години, соопшти американската агенција за кредитен рејтинг „Moody`s“.

Под поимот „банкарство во сенка“ се подразбираат фондовите кои инвестираат во нискоризични хартии од вредност, но обезбедуваат поголем принос од она што би го добил клиентот доколку штеди во банката, пренесува агенција Франс Прес.

Во таа група се вбројуваат и други инвестициски фондови, како што се индексните фондови, хеџ фондовите, финансиски компании кои тргуваат со хартии, а одобруваат кредити или гаранции за кредити.

Таквото кредитирање во Кина од 2010 година се зголеми за 67 проценти, достигнувајќи на крајот од минатата година, вкупна вредност од 29 милијарди јуани (4,7 милијарди долари), или 55 проценти од кинескиот бруто домашен производ (БДП).

Таквиот раст делумно се должи на тоа што одделни кредитобаратели имаа потешкотии со добивањето на регуларни кредити, се вели во соопштението.

„Банкарството во сенка може да поттикне прекумерно финансиско задолжување во пошироката економија и да предизвика загриженост од создавање на кредитен балон“, додава „Moody`s“.

Кинеското банкарско регулаторно тело неодамна побара да се ограничи оваа нетранспарентна кредитна активност.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП