26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтензитетот на сообраќај зголемен, на граничните премини се чека по половина час

Интензитетот на сообраќај зголемен, на граничните премини се чека по половина час

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини задржувањата се од 20-30 минути.

На регионалниот пат Р106, патен правец Градско – Прилеп од 28 до 45 км, до петок ќе се изведуваат градежни работи.

Се препорачува на учесниците во сообраќајот да ја почитуват поставената сигнализација за работа на пат и внимателно да управуват со своите возила.

Поставување канделабри на делница Хиподром – Кадино, при што левата сообраќајна лента ќе биде затворена во времетраење од 3 (три) месеци

На патниот правец Неготино – Демир Капија, на делот од Неготино до м.в.Острово,сообраќајот се одвива по дел од новиот автопат во должина од 4км. По овој дел сообраќајот пак се враќа на магистралниот пат Р103.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Поголема внимателност е потребна низ клисурите и засеците, каде што е можна појава на одрони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП