13 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСамо знамињата на финалистите и на Шпанија и Англија се дозволени на...

Само знамињата на финалистите и на Шпанија и Англија се дозволени на Супер купот

На Националната арена „Филип Втори“ ќе биде дозволено внесување знамиња само на клубовите учесници на Супер купот, како и националните знамиња на земјите од каде што клубовите доаѓаат (Шпанија и Англија).

Знамињата не смеат да бидат поголеми од еден метар и 250 сантиметри во нивниот најширок или најдолг дел. Во спротивно истите ќе бидат одземени, соопштија УЕФА и Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), како посетување на сите љубители на фудбалот кои имаат билет и ќе присуствуваат на натпреварот Реал Мадрид – Манчестер Јунајтед.

Исто така, ќе бидат одземени знамиња кои пренесуваат порака со загрозувачка содржина за јавната безбедност, застапуваат нечиј став, или имаат навредливи и дискриминаторски пораки. Ќе бидат одземени знамињата кои го попречуваат видикот на гледачите и прегледот на телевизиските камери. УЕФА и ФФМ На сите гледачи им посакувааат незаборавен Супер Куп / Скопје 2017.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП