6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Британија е подготвена да плати 40 милијарди евра за Брегзит“

„Британија е подготвена да плати 40 милијарди евра за Брегзит“

Британскиот весник Телеграф објави дека Обединетото Кралство е подготвено да плати до 40 милијарди евра за таканаречената „сметка за развод“ при излегувањето од ЕУ.

Весникот, повикувајќи се на тројца високи претставници, вчера објави дека британската влада заклучила дека плаќањето е единствениот начин за излез од сегашниот ќорсокак во преговорите со ЕУ.

Претставници на ЕУ, кои рекоа дека Британија треба да плати најмалку 60 милијарди евра, нагласуваат дека сакаат значителен напредок во врска со ова прашање, пред да започнат разговорите за посложените прашања.

Телеграф објави дека плаќањето би било по 10 милијарди евра годишно, три години по ред по најавеното излегување на Велика Британија од Унијата во март 2019 година, и конечната исплата по детализирањето на договорот за трговските прашања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП