6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА4,3 милиони туристи го посетиле Истанбул во првите шест месеци

4,3 милиони туристи го посетиле Истанбул во првите шест месеци

Истанбул во првите шест месеци од годинава го посетиле повеќе од 4,3 милиони туристи од целиот свет.

Според податоците на Бирото за култура и туризам, во јуни годинава во однос на истиот период лани се забележува зголемување на бројот на туристи за 17 отсто.

Меѓу најбројните туристи кои што го посетиле Истанбул се Германците, потоа Иранците, Русите, гостите од Саудијска Арабија, Ирак, Велика Британија, Украина, Франција, Америка, Холандија и Кувајт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП