Министрите за земјоделство од регионот денес ќе се состанат во Сараево за да договорат заедничка реакција по одлуката на Хрватска да ги зголеми давачките за увоз на овошје и зеленчук од 12 на 270 евра.

Хрватска со правилник пропиша воведување на инспекциски надзор и контрола на поголем број видови овошје и зеленчук кои се увезуваат од трети земји и енормно ги зголеми давачките за дури 22 пати.
Министерот за надворешна трговија и економски односи на БиХ, Мирко Шаровиќ смета дека одлуката на Хрватска е спротивна на принципите на слободната трговија. Покрај домаќинот Шаровиќ, на состанокот во Сараево ќе присуствуваат министрите од Србија, Црна Гора, Македонија, Албанија и од Косово.