6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ ги прошири санкциите против Русија поради скандалот со турбините на Siemens...

ЕУ ги прошири санкциите против Русија поради скандалот со турбините на Siemens во Крим

Европската унија (ЕУ) ги прошири санкциите против Русија зарази скандалот со турбините „Siemens“, монтирани во Крим и покрај ограничувањата, објавија од прес службата на Комисијата.

ЕУ не го признава нелегалното приспојување на Крим и Севастопол од Руската Федерација. Како дел од својата политика за непризнавање, Советот ја забранил испораката на клучната опрема за инфраструктурни проекти во Крим и Севастопол, вклучувајќи ги гасните турбини во енергетскиот сектор.

Воспоставувањето на независно соединување за Крим и Севастопол го поддржува нивното одвојување од Украина и го поткопува територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста на Украина. Гасните турбини се суштински елемент во развојот на нови електрани, се истакнува во соопштението.

Кон листата со санкциите поради нивната одговорност за набавка на турбините во Крим се додадени три правни лица и уште три физички лица, меѓу кои заменик-министерот за енергетика на Русија, Андреј Черезов.

ЕК наведува дека првично објектите се продадени од „Siemens“ за употреба на територијата на Руската Федерација. Следниот пренос на турбините во Крим е во кршење на договорните одредби кои ги опфаќа првичната продажба од „Siemens“.

Компаниите врз кои се наметнати санкции, се договорната страна која ги купила гасните турбини и одговара за преносот, актуелниот сопственик на гасните турбини и компанија специјализирана за контролни и комуникациски системи за електрични централи, вклучувајќи во Севастопол и Симферопол.

Санкциите се изразени во замрзнување на средствата и забрана за патување. Слични мерки се применуваат на вкупно 153 физички и 40 правни лица од 2014-та година. Последната санкција беше продолжена во март 2017-та година до 15-ти септември 2017-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП