6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкстремнoто време ќе убива над 150.000 лица годишно во Европа до 2100...

Екстремнoто време ќе убива над 150.000 лица годишно во Европа до 2100 година?

Бројот на жртвите од метеоролошките катастрофи во Европа може да се зголеми за 50 пати до крајот на овој век, а само екстремната жега може да убива повеќе од 150.000 луѓе годишно до 2100-та година, ако не се направи ништо за ограничувањето на последиците од климатските промени, изјавија научници во петокот.

Во студија во списанието „The Lancet Planetary Health journal“, цитирана од „Ројтерс“, научниците велат дека истражувањето сведочи за тоа дека климатските промени претставуваат товар врз општеството, а две третини од жителите во Европа веројатно ќе бидат погодени, ако емисиите на стакленички гасови и екстремните временски настани продолжуваат да не се контролираат.

Предвидувањата, врз основа на прифаќање дека нема да има намалување на емисиите на стакленички гасови и подобрување во однос на политиките за намалување на влијанието на екстремните климатски настани, покажуваат дека поради метеоролошките услови придружните смртни случаи во Европа ќе се зголемат од 3.000 на година меѓу 1981-та година и 2010-та година до 152.000 годишно меѓу 2071-ва и 2100-та година.

„Климатските промени се едни од најголемите глобални закани за здравствената состојба на човекот во 21-иот век, а неговата опасност за општеството ќе биде се повеќе поврзана со временските опасности“, вели Џовани Форицери од Заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија во Италија, еден од двајцата раководители на истражувањето. Научниците користеле за своето истражување над 2.300 извештаји од екстремното време од 1981-ва година до 2010-та година.

Истражувачите откриле дека 99% од идните смртни случаи поврзани со времето, ќе бидат резултат на топлите бранови, бидејќи можат да доведат до зголемување на срцевите заболувања, мозочен удар и респираторни заболувања.

Прогнозите се Јужна Европа да биде погодена најмногу од топлотни бранови и суши. Речиси секој кој живее во Италија, Грција, Хрватска, Кипар, Малта, Португалија и Словенија ќе биде засегнат од природни катаклизми, а се очекува да има 700 смртни случаи на 1 милион луѓе годишно.

За споредба – еден на тројца ќе биде засегнати секоја година во Северна Европа – Данска, Исланд, Финска, Норвешка и Шведска. Смртните случаи при крајбрежни поплави ќе нараснат од шест на 233 до крајот на векот. 138 милиони лица, пак, ќе бидат погодени од суши.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП