6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Швајцарија за првпат се воведува минимална плата за час

Во Швајцарија за првпат се воведува минимална плата за час

Минимална плата за час ќе биде воведена наскоро во швајцарскиот кантон Нојшател, откако Федералниот суд ја отфрли на последна инстанца жалбата на локалните работодавци и економските организации против мерката.

Тоа е и првиот кантон во земјата, во кој се воведува минимална плата.

Воведувањето на минимална плата за час беше одлучено на кантонски референдум во 2011-та година, организиран врз основа на петиција.

Федералниот суд ја отфрли жалбата откако пресуди дека минималната плата одговара на уставниот принцип за економска слобода и на федералните закони. Според институцијата нејзиното воведување цели да се води борба со феноменот на „сиромашните вработените“, односно луѓе кои работат при многу ниски плати.

Жителите на Нојшател побараа минималната плата да биде 20 швајцарски франци (17,38 евра) на час. За споредба, во Франција минималната плата за час е 9,76 евра.

Швајцарската агенција „СДА“ сепак прецизира дека се предвидени исклучоци во земјоделството и лозарството.

При 20 швајцарски франци на час и работна недела од 41 часа соодветниот годишен приход достигнува 41.759 швајцарски франци (36.303 евра) или 3.480 швајцарски франци на месец. Со таква сума во Швајцарија е многу тешко да се живее без социјална помош.

Иницијативи за воведување на минимална плата има и во кантоните Јура и Тичино, но постапката не е завршена.

Кантоните Женева, Во и Вале отфрлија слични проекти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП