6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПоради штрајк застој во работата на Ел Прат во Барселона

Поради штрајк застој во работата на Ел Прат во Барселона

Штрајкот на персоналот задолжен за безбедноста на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона вчера предизвика застој во прегледувањето на патниците поради што некои од нив задоцниле на своите летови. Доколку не биде постигнат договор со управата, работниците најавија дека за десет дена ќе организираат штрајк на неопределено време, што би можело да предизвика хаос во екот на туристичката сезона.

Утрото вработените задолжени за преглед на патниците на еден час ја запреле работата, што создало долги редици. Во попладневните часови имало нов застој во 16.30 часот и во 18.30 часот.

За петокот биле предвидени полетување на 515 авиони од аеродромот во Барселона.

Работниците од шпанското претпријатие „Еулен“, задолжени за контрола на патниците, тврдат дека им недостига персонал, дека работат во лоши и стресни услови и дека не се доволно платени.

Доколку не биде постигнат договор, работниците ќе ја стопираат работата по еден час во неколку интервали во денот и на 6, 7 и на 11 август. Ако и дотогаш не се постигне договор, на 14 август ќе стапат во 24-часовен штрајк кој би можел да продолжи цел месец.

Управата на „Еулен“ соопшти дека строго го почитува колективниот договор.

„Еулен“ има 360 свои работници на аеродромот во Барселона, а во цела Шпанија има 47.533.

Август е месец во кој повеќето Шпанци заминуваат на одмор, но и месец во кој десетици илјади странски туристи ја посетуваат Шпанија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП