3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСечат 3.000 работни места, а веќе укинаа 4.000

Сечат 3.000 работни места, а веќе укинаа 4.000

Британската издавачка куќа „Pearson“ најави укинување на уште 3.000 работни места, во склоп на тековниот процес за намалување на трошоците.

Исто така намалена е и привремената дивиденда за акционерите за 72 проценти на пет пени по акција, пренесува агенцијата Франс прес.

Најновите откази, кои ќе бидат реализирани во периодот од 2017 до 2019 година, ќе придонесат за намалување на годишните трошоци за 300 милиони фунти (333 милиони евра), а најавен е и поголем фокус на дигиталното образование.

Оваа компанија веќе укина 4.000 работни места, во рамките на радикалниот процес на реструктуирање на работењето почнувајќи од 2016 година, наведува АФП, и додава дека „Pearson“ е соочен со хронични финансиски потешкотии, додека настојува да се репозиционира кон образованието и дигиталниот пазар и да се одалечи од традиционалната издавачка област.

Издавачката куќа „Pearson“ на големо зваиси од пазарите за образование, откако во 2015 година го продаде угледниот британски весник „Financial Times“ и половина од уделот во „Economist Group“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП