10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДомашната побарувачка ги искачи над очекувањата

Домашната побарувачка ги искачи над очекувањата

Индустриските нарачки во Германија во јуни ги надминаа очекувањата, покажаа официјалните податоци.

Во јуни се забележани за 1,0 проценти повеќе нови договори отколку во претходниот месец, според податоците на германската канцеларија за статистика Дестатис, пренесува агенцијата Франс прес.

Аналитичарите кои ги анкетираше компанијата Фактсет предвидоа раст на нарачките од 0,5 проценти во јуни.

Во внатрешноста на Германија, регистриран е раст на нарачките од 5,1 проценти, побарувачката од соседните членки на еврозоната опаднала за 2,4 процетни, додека нарачките од остатокот од светот се намалени за 1,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП