27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрците попуштаат - сега можe да се подигнат и до 1.800 евра

Грците попуштаат – сега можe да се подигнат и до 1.800 евра

Грчките власти најавија дополнително олабавување на контролата на движење на капиталот, што подразбира зголемување на лимитот на повлекување на средства од банкарските сметки.

Исто така, тоа овозможува можност и за отворање на нови сметки.

Новите прописи, кои ќе стапат на сила од 1. септември, ќе им овозможат на депонентите да повлечат до 1.800 евра готовина секој месец, во однос на максималните 840 евра колку што досега можеа да подигнат на секои 15 дена, пренесува Ројтерс.

На компаниите и поединците, исто така, им е дозволено и отворање на нови банкарски сметки, според декретот на грчкото Министерство за финансии.

Грција на средината на 2015 година за прв пат воведе контрола на капиталот, во настојување да го ограничи одливот на средства од банките во екот на должничката криза, поради која Атина беше принудена да бара трет меѓународен пакет помош до 2010 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП