4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожности и волја економските односи со Велика Британија да добијат интензитет

Можности и волја економските односи со Велика Британија да добијат интензитет

Постојат и можности и волја од новата Влада економските односи со Велика Британија да добијат интензитет, особено во делот на извозот и инвестициите, како и на размена на искуства во различни економски сектори, кои би можеле да бидат од полза за македонската економија, се согласиле на вчерашната средба министерот за економија, Крешник Бектеши, и амбасадорот на Велика Британија, Чарлс Гарет.

Како што соопшти Министерството за економија, министерот Бектеши изрази благодарност за поддршката што нашата земја ја добива од Велика Британија при реализација на чекорите што Министерството за економија и Владата ги преземаат во процесот на европската интеграција на земјата, како и за достигнување поголем економски развој.

– Амбасадорот Гарет ја искористи средбата да разговара и за можностите за унапредување на соработката помеѓу британските компании кои работат во земјата и носителите на реформските политики и бизнис-мерките во државата во согласност со програмските определби на новата Влада за што доби целосна поддршка од министерот Бектеши – стои во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП