13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГабриел: Новите санкции на САД кон Русија се повеќе од проблематични

Габриел: Новите санкции на САД кон Русија се повеќе од проблематични

Министерот за надворешни работи на Германија, Зигмар Габриел, изјави дека новите санкции кон Русија кои претседателот на САД, Доналд Трамп, ги потпиша вчера се повеќе од проблематични.

Габриел ги критикува САД што го прекинале досегашното договарање со ЕУ по прашањето за Русија велејќи дека тоа во минатото било клучно за обезбедување силен договор со Москва.

– Во нацрт-законот јасно се наведува дека тие ги следат економските интереси и ние сметаме дека тоа не е прифатливо. Агресивно ги комбинираат надворешнополитичките прашања со американските економски интереси и велат: „Сакаме да го протераме рускиот гас од европскиот пазар за да можеме да го продаваме американскиот гас“, тоа е нешто што ние дефинитивно не можеме да го прифатиме – рече шефот на германската дипломатија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП