21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ дава финансиска помош за 850 илјади бегалци во Турција

ЕУ дава финансиска помош за 850 илјади бегалци во Турција

Европската Унија дава финансиска помош за 850 илјади бегалци во Турција, јавува АП повикувајќи се на шефицата на Канцеларијата за хуманитарна помош на ЕУ во Турција, Џејн Луис.

Според Луис, програмата на ЕУ е наменета за најзагрозените бегалци во Турција, а Унијата има намера да им помогне на вкупно 1,3 милиони луѓе до крајот на годината. Со оваа програма бегалците добиваат дебитни картички со кои купуваат храна и други средства.

Програмата започна во 2016 година, по договорот на Анкара и Брисел за финансиска помош од ЕУ за бегалците во Турција, во замена за спречување на нивното заминување во државите во Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП